MACEDONIAN AJVAR (TRIED RECIPE)

Аjvar is a favorite Macedonian traditional peppers dish which marks the beginning of fall/winter season. Ajvar is known as an ideal companion to cold winters, it's a food that has no adequate replacement, and in combination with cheese, it creates irreplaceable and unique pleasure in your mouth. Similar to ajvar (which I call them ajvar's brothers) are malidzano and lutenica, also very popular products from Macedonia.
macedonian ajvar

The preparation of ajvar is somewhat difficult process, but in the end, product is really worth the labor! Every household has a characteristic homemade ajvar preparation. Homemade ajvar simply abounds with rich flavor and stands out with its uniqueness! The process of preparation is simple, just carefully follow the instructions. The dosage is for 20 kg of peppers, you can reduce or increase ingredients proportionally.

Ingredients:
  • 20 kg red peppers 
  • 10 pieces eggplants 
  • 2 l oil 
  • 200 g sugar 
  • 200 ml wine vinegar
  • salt to taste
Preparation:
  1. Bake peppers on a hotplate or on a stove, peel and clean seeds. Leave cooled peppers to drain and continue with work in several hours. 
  2. Then, bake eggplants, peel and drain. Grind drained peppers and eggplants in a meat grinding machine and place the mixture into a large pot and start to cook. Add vinegar and sugar and stir.
  3. Cook around  30 minutes. Stir continuously with a large wooden spoon and after 30 minutes gradually add the oil and stir constantly. Note that oil should not be visible on top. Cook for 1 hour.
  4. Add salt to taste twenty minutes before finishing. 
  5. How to know if ajvar is ready? While stirring, if your big spoon leaves a trail at the bottom so you can see the bottom of the pot, then, you know that ajvar is ready. Overall cooking time should be around 90 minutes.
  6. Prepare the jars while ajvar is still cooking. Heat them in an oven at 50 C degrees. Fill jars with ajvar after removing from heat. Jars should be hot and ajvar should be also hot. Close well the lids. Keep jars in a dark place.
  7. Homemade ajvar is ready to eat! Take a piece of cheese and warm bread and your appetizing fun can begin! ajvar and bread
Enjoy!


 АЈВАР

Ајварот е омилен македонски традиционален производ од пиперки со кој се одбележува почетокот на сезоната есен/зима. Септември е месец кога низ секоја уличка низ градот се шири мирисот на печена пиперка и на ајвар. Ајварот е познат како идеален придружник на ладното време, тоа е храна која е уникатна и посебна. Производи кои се слични на ајвар (кои јас ги нарекувам браќа на ајварот) се малиџано и лутеница, исто така многу популарни производи од ова поднебје.
Подготовката на ајварот е малку компицирана, но тотално вредна за трудот! Секое домаќинство различно го подготвува ајварот, така што е тешко е да се најдат 2 идентични вкуса. Ајварот е едноставен, а изобилува со богат и уникатен вкус, а во комбинација со топол леб и сирење е совршен. Рецептот е за 20 килограми пиперки, но дозата може да се намали или зголеми пропорционално.

Состојки:
  • 20 кг црвени пиперки
  • 10 парчиња модар патлиџан
  • 2 литри масло за јадење
  • 200 гр шеќер
  • 200 ml вински оцет
  • сол по вкус

Начин на подготовка:
  1. Се печат пиперките на шпорет, се лупат и се чистат од семките и дршките. Оставете неколку часа да се изладат и да се исецат.
  2. Се печат модрите патлиџани, се лупат и се цедат. 
  3. Сомелете ги исцедените пиперки и модрите патлиџани со машина за мелење месо, потоа ставете ја смесата во големо тенџере на оган и почнете да го пржите ајварот.  Додадете оцет и шеќер и промешајте.
  4. Пржете го околу 30 минути да испари течноста. Мешајте постојано со голема дрвена лажица и по 30 минути постепено почнете да додаватe масло и мешајте постојано. Имајте на ум дека маслото не треба да биде видливо на врвот. Вака пржете уште 1 час.
  5. Се посолува по вкус дваесет минути пред крајот.
  6. Како да знаете дали ајварот е готов? Додека мешате, ако вашата дрвена лажица остава трага на дното така што дното на садот е видливо, тогаш ајварот е готов. Генерално времето за припрема треба да биде околу 90 минути. Aјварот не треба да се препржува.
  7. Подгответете ги теглите со ајвар пред крајот, загрејте ги во рерна на 50 C степени. Жешките тегли наполнете ги со жешкиот ајвар и добро затворете ги. Чувајте ги на темно место.
  8. Домашниот ајвар е спремен за јадење! Земете парче сирење и топол леб и препуштете се на уживање!

All posts